Фармацевтската компанија „Мерк“ објави дека го продала својот удел во „Модерна“ во првата половина на четвртиот квартал.

Ова доаѓа откако ден претходно, „Модерна“ достави барање до Сојузната управа за храна и лекови (ФДА) да одобри итна употреба на нејзината вакцина против Ковид-19.

„Мерк“ инвестираше 50 милиони долари во „Модерна“ во 2015 и во 2018 година.

Вредноста на акциите на „Модерна“ во текот на 2020 година се зголеми за 620 проценти. Таа акција вредеше 19,23 американски долари на 2 јануари 2020 година, додека сегашната вредност е 149,34 долари.

Откако „Мерк“ објави дека го продала својот удел, вредноста на акцијата на „Модерна“ падна, за вчера повторно да закрепне.

„Мерк“ најави дека ќе учествува во компанијата „Модерна“ преку други инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.