Европскиот парламент ја потврди поддршката за визната либерализација за жителите на Косово, но прашањето сега е во рацете на Советот на министри на Европската унија, поради загриженоста на некои членки на ЕУ, предизвикана од нелегалната миграција и недостигот на резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, објави „Коха Диторе“.

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, истакна дека Косово останува последната црна дамка на мапата на визната либерализација на Западен Балкан.

Прашав зошто Советот на ЕУ и владите на членките не го исполнија ветувањето? Европа губи кредибилитет, а граѓаните на Косово губат надеж – рече Фајон.

Европскиот комесар за миграции и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос оцени дека Косово заслужува визна либерализација, пренесува Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.