Западните влади се вознемирени поради продлабочувањето на економските врски меѓу Турција и Русија, предупредувајќи на зголемениот ризик Турција да биде погодена од серија казни доколку и помогне на Русија да ги заобиколи сегашните санкции, објави Фајненшл тајмс.

Во петокот, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Таип Ердоган се согласија да ја зајакнат соработката во транспортот, земјоделството, финансиите и градежната индустрија.Шест западни претставници изјавија за ФТ дека се загрижени за овој договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.