Европскиот суд за човекови права во обврската за вакцинирање не гледа прекршување на човековите права. Судот оцени дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“, пишува „Дојче веле“.

Европскиот суд за човекови права, кому му се обратија родители на деца од Чешка кои не се примени во градинка поради тоа што не биле вакцинирани, оцени дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“. Чешката здравствена политика, како што се вели, е во „најдобар интерес“ на децата. Секое дете мора да се „заштити од тешки болести со вакцинирање или со постигнување колективен имунитет“, сметаат судиите во Стразбур. Оттука, обврската за вакцинирање не претставува повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.