Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Унгарија, со која се оспорува постапката која против оваа земја ја покренаа пратеници поради кршење на заедничките вредности, се наведува во судската пресуда.

Во септември 2018 година европски пратеници гласаа за преземање мерки против Унгарија поради наводно поткопување на демократските вредности на ЕУ и владеењето на правото.

Со гласањето е препорачано активирање на процедура по таканаречениот член 7 од договорот за функционирање на ЕУ, според кој Унгарија може да се казни со одземање на правото на глас.

Европските пратеници ја изразиле својата „загриженост“ поради слободата на медиумите, академските слободи, малцинските права, па дури и независноста на судството.

Унгарија потоа поднесе жалба на оваа одлука, сметајќи дека Парламентот требало да осуди „политичко мотивирано“ гласање.

Во денешното соопштение на Судот на правдата на ЕУ се наведува дека големиот судски совет ја отфрла жалбата на Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.