Европскиот парламент со 621 глас „за“, 49 против и 13 воздржани го поддржа Договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија.

Одобрувањето на Европскиот парламент и официјалната согласност на Советот е последната законска процедура неопходна за Велика Британија да ја напушти Европската унија на уреден начин на полноќ на 31 јануари.

„Историското гласање“, со кое се потврдува првото спогодбено напуштање на ЕУ од страна на некоја земја-членка, помина во церемонијална атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.