Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine.

Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на лустата да се додаде и Володомир Зеленски.

Прес-службата на Норвешкиот Нобелов комитет објави дека оваа година за Нобеловата награда за мир се номинирани 251 поединец и 92 организации. Рускиот новинар и главен уредник на „Новаја газета“ Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса ја добија Нобеловата награда за мир за 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.