Европската медицинска агенција (ЕМА) смета дека сè уште не е време да препорача промени во времето помеѓу две дози вакцини против корона вирусот и покрај притисокот од земјите на Европската Унија по позитивните податоци за нивото на заштита по земена само една доза.

Како што пренесуваат странските агенции, програмата за вакцинација на ЕУ доцни во споредба со програмите на САД и Велика Британија, поради што некои земји морале да импровизираат како помасовно да го вакцинираат населението.

Британија предничи со тоа што го зголеми интервалот помеѓу две дози. Официјален Лондон за вакцината на „Фајзер/Бионтек“ препорачува интервал до 12 недели, додека ЕМА се придржува до првичната препорака од три недели.

Израелска студија направена минатата недела покажа дека една доза вакцина на „Фајзер“ штити 57 проценти од симптоматската инфекција по две недели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.