Европската комисија ја повтори големата загриженост во врска со планот на британскиот премиер Борис Џонсон неговата земја да го прекрши договорот за Брегзит, односно условите за напуштање на Европската унија.

Добро знаете дека сме многу загрижени за предлог британскиот закон за внатрешен пазар и намерата на британската Влада да го наруши договорот за напуштање на ЕУ. Знаете дека од таа причина свикавме вонреден состанок на заедничкиот комитет на ЕУ и Велика Британија – изјави еден од портпаролите на ЕК на прес-конференција.

За денеска е закажан итен состанок на заедничкиот комитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.