Европската агенција за лекови (ЕМА) почна прелиминарни разговори со производителот на руската вакцина „Спутник 5“, за сертифицирање на вакцината.

Како што изјави портпаролот на Европска комисија, Стефан де Керсмакер, ЕМА досега не добила апликација за сертифицирање на руската вакцина против Ковид-19, но се обратила до производителот на вакцината „Спутник 5“ и во моментот се водат прелиминарни разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.