Европската агенција за лекови (ЕМА) почна експертиза за руската вакцина против Ковид-19 „Спутник“.

Ваквата процедура доаѓа откако во изминатиот период ЕМА доби обвинувања за неуспешната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите-членки на ЕУ и пребавната постапка за одобрување на вакцините против корона вирусот.

Досега во ЕУ за употреба се одобрени три вакцини: на „Модерна“, на „Фајзер/БиоНтек“  и на „АстраЗенека“, а на 11 март ќе одлучува дали ќе ja дозволи употребата на вакцината против Ковид-19 на американскиот фармацевтски производител „Џонсон и Џонсон“.

Во меѓувреме, Унгарија и Словачка веќе одобрија примена на руската вакцина „Спутник“, без таа да биде одобрена од ЕМА.

Вакцината „Спутник“ досега е регистрирана во 42 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.