Бројот на загинатите во поплавите кои се случија во повеќе европски земји денеска порана на повеќе од 180 луѓе. Во јужниот дел на Германија настрада најмалку едно лице, пренесе „Ројтерс“. Стотина спасувачи трагаат по преживеани во областа која се граничи со Австрија.

Не бевме подготвени за ова, изјави управителот на областа во Баварија која најсилно беше погодена во поплавите, додавајќи дека ситуацијата драстично се влошила доцна синоќа и итните служби немале многу време да делуваат.

Со денешната жртва во јужниот дел на земјата во Германија животот во поплавите досега го загубија 157 лица, а ширум Европа починаа 184 луѓе.

Околу 110 луѓе настрадале во областа Арвајлер, јужно од Келн, кој беше најмногу погоден од поплавите, а се очекува дека после повлекувањето на водата ќе бидат пронајдени уште жртви, соопшти полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.