Жештината во поголемиот дел од Европа предизвика рекордни јунски температури од Арктичкиот круг па сè до Cеверна Африка.

Силниот топлотен бран предизвика пораст на температурите значително над просекот за јуни во повеќе земји, во некои случаи и до 20 степени.

Нови рекорди

Во средата во Банак во Норвешка регистрирана е температура од 32.5 степени Целзиусови, највисока внатре во Арктичкиот круг во Европа. Температурата е значително поголема и од јунскиот просек од 13 степени Целзиусови.

Во понеделникот во Полска температурата достигнала околу 35 степени Целзиусови.

Во делови од источна Германија, на неколку локации измерени се 37 степени.

Јунските температурни рекорди се урнати и во Словенија и во Хрватска.

Невреме со грмотевици и град

Екстремните горештини се проширија и во Cеверна Африка. Температурите во Тунис во понеделникот беа изедначени со месечниот рекорд од 48.7 степени Целзиусови.

Од друга страна, Европа беше погодена и од невреме со грмотевици, што предизвика разорен одрон во јужниот дел на Австрија, а притоа загина едно лице. Поплавени се куќи и патишта во Корушка.

Деновиве се очекува повторно невреме со грмотевици, заедно со град и силен ветар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.