Михаил Владимирович Мишустин е државен службеник, бизнисмен и научна фигура. Во моментов работи на Федералната даночна служба во Русата Федерација. Тој е доктор по економија.

Роден е на 3 март 1966 година во главниот град на Русија. Дипломирал на СТАНКИН, кој успешно го завршил во 1989 година, а три години подоцна завршил и постдипломски студии и продолжил со научна дејност.

Во 2010 успешно одбранил докторска дисертација и се здобил со титула доктор по економски науки. Истовремено Михаил Владимирович делува како преведувач на бројни дела од областа на даночните предмети и извршува научна работа со дипломци од високошколските установи.

Од 1992 Михаил Мишустин почна да работи како шеф на лабораторијата за тестирање, а потоа го предводеше управниот одбор на Меѓу народниот компјутерски клуб. Oва е непрофитна структура која се занимава со употреба на нови технологии, нивната привлечност од странство и нивната понатамошна интеграција во националните технологии. Под негова надлежност се отворил Меѓународниот компјутерски форум на кој се извршени трансакции за купување на компјутерска опрема и софтвери на државно ниво.

Во 1998 тој стапува на работа во државна служба каде бил одговорен за имплемнтација и одржување на софтверски и хардцерски системи кои изработуваат сметковотствени и контролни работи при примање на данок.  Набргу бил именуван за заменик на министерот на Руската Федерација за даноци и такси.

Тој вовел бројни иновации во работата на даночниот систе на Руската Федерација, како што се INN, EDS, систем за прием со еден прозорец и друг, а неговата работа претставува и создавање на центар за обработка на податоци, информации, спојување на регионални ИТ структури кои овозможување брза комуникација.

2006 година за Михаил е значајна по тоа што е именуван за шеф на RusSEZ, каде под негово раководство се отворени првите SEZ (посебни економски зони) .

Во 2008 тој го напушта државниот апарат, и според неговите зборови самиот ја донел оваа одлука бидејќи задачите кои му биле доверени завршиле во тој момент. Во следните две години бил претседател на UFG инвест и управен партнер на UFG Asset Management.

По неколку години пауза Михаил Мишустин се враќа на проблемите на русиот данок и во 2010 година ја предводи Руската Федерална даночна служба (FTS).

Според резултатите на својата активност, Михаил Мишустин добил награда за заслуги за Татковината, Оредн на честа и сертификат на честа кој ја утврдил претседателот на Русија. А ова не е крај на неговата биографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.