По дојава за поставена бомба во Болшој Театарот во Москва, евакуирани се најмалку 500 лица.

Сепак, по извршена детална контрола на театарот е утврдено дека станувало збор за лажна дојава.

Заканата за бомба во московскиот Болшој театар била лажна – изјавил за Тасс извор од полицијата, откако беше извршен увид во објектот.

Според него, при увидот не е откриена ниту експлозивна направа, ниту експлозивни материи во зградата, како и во нејзината околина.

Портпаролката на Болшој театарот, Катерина Новикова, претходно соопшти дека биле евакуирани околу 350 луѓе, откако била добиена анонимната закана за поставена бомба.

На лице место биле испратени експерти за итни случаи и кучиња трагачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.