Советот на Европската Унија донесе одлука за воведување економски санкции против Белорусија.

Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против белорускиот режим како одговор на сериозните повреди на човековите права – се наведува во соопштението.

Новите санкции се насочени на трговијата со белоруски нафтени производи, калиум, како и опрема, технологија и софтверски програми.

Во соопштението се истакнува дека на овој начин со санкции на ЕУ ќе бидат опфатени 166 физички и 15 правни лица во Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.