Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска ќе прими вакцина против Ковид-19.

Според германскиот дневен весник „Велт“, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на „АстраЗенека“, со цел да покаже дека низ цела ЕУ треба да се има доверба во вакцината развиена на Оксфорд.

Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.