Министрите за енергетика на земјите-членки на Европската Унија денеска одржуваат вонреден состанок, на кој се обидуваат да ја надминат острата поделеност околу ограничувањето на цената на гасот, за да заштитат 450 милиони граѓани од поскапување на природниот гас пред зимата.
Не се очекува дека средбата ќе доведе до значителен напредок во надминување на поделеноста меѓу двата блока во рамките на ЕУ, поделени поради енергетската криза, последица на руската -војна во Украина.
По неколку одложувања, министрите за енергетика се состанаа денеска во нов обид да ги премостат разликите меѓу членките кои бараат поевтин гас за да ги намалат сметките на домаќинствата, како што се Грција, Шпанија, Белгија, Франција и Полска, и оние како Германија и Холандија кои тврдат дека ограничувањето на цената на гасот може да ја намали понудата. Цените на природниот гас и електричната енергија пораснаа откако Москва ја намали испораката на гас за Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.