Европската комисија ги разгледува законските прописи за тужба против шведско-британската лабораторија АстраЗенека поради потфрлање во планот за испорака на планираните дози вакцини против коронавирусот. Според неименувани извори од ЕУ такви мерки би можеле да бидат покренати пред белгиските судови, меѓутоа се уштѕе нема согласност од сите држави членски на ЕУ. Сепак проиритет на ЕК е да добие гаранција од АстраЗенека за испорака на количините вакцини на кои компанијата се обврза. Во првиот квартал од годината лабораторијата испорачала само 30 милиони дози до договорените 120 милиони, а во вториот квартал се планира ипорака на 70 милиони од планираните 180 милиони.

Во меѓувреме производствените капацитети во ЕУ забрзано работат на испорака на дополнителни 50 милиони дози од вакцината Фајзер/Бионтек. Комесарот задолжен за здравство во ЕК, истакнувајќи ја неопходноста од солидарност и соработка меѓу државите, најави дека веќе се водат преговори за купување на 1,8 милијарди дози за 2022 и 2023 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.