Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата откри дека Европската унија потпиша договор со фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ за набавка на 400 милиони дози од нејзиниот кандидат за вакцини против Ковид-19.

Бидејќи коронавирусот брзо се шири низ цела Европа, ние обезбедуваме дози на идни вакцини за да ги заштитиме граѓаните. Денес потпишавме договор со „Џонсон и Џонсон“ кој им овозможува на земјите од ЕУ да купат до 400 милиони дози. Ова е наш трет договор со фармацевтска компанија. Следува уште, напиша Фон дер Лајен на твит.

Унијата потпиша договор со подружницата на „Џонсон и Џонсон“ – Фармацеутика НВ, претходно во октомври, обезбедувајќи, во тоа време, пристап до 200 милиони дози на вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.