Лидерите на Европската Унија ќе одржат самит со физичко присуство во Брисел на 25 мај за разговори за кризата со корона вирусот, битката против климатските промени и тензиите со Русија.

Неколку неодамнешни собири на ЕУ беа одржани преку видеоконференција како мерка за безбедност против Ковид-19, но портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека тоа ќе биде сами со физичко присуство на претставниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.