Европската Унија смета дека изборите во Русија се одвивале во атмосфера на заплашување и се сомнева во нивната регуларност.

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, порача дека атмосферата во која се одржале парламентарните избори во Москва ги замолчила критичките и опозициските сили.

Тој потсети дека на терен немало меѓународни набљудувачи.

Поради ова тешко е да се види како се одвиваа изборите навистина, но имаме индикации од локални независни набљудувачи кои пријавија бројни нерегуларности – изјави Стано.

На изборите во Русија победи партијата на претседателот Владимир Путин со 49,64 отсто од гласовите.

Портпаролот на руската влада изјави дека изборите биле фер и слободни, додека опозицијата алармира дека биле употребени лажни гласачки ливчиња и дека набљудувачите биле заплашувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.