Европската комисија има намера да воведе горна граница за плаќање со готовина, како дел од борбата против перењето пари.

Како што објави комесарката за финансии Мејрид Мекгинис, ЕК размислува забраната да се воведе на плаќања во готовина за износ над 10.000 евра

Зборуваме за оваа сума зошто многу е тешко да носите толку пари во џебовите. Повеќето луѓе не го прават тоа, рече таа во изјава за германски „Ѕидојче цајтунг“.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлози на законот за борба против перење пари што комисијата има намера да го претстави во јули.

Мекгинис вели дека со поддршка на членовите сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

Ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.