Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија да укинат дел од ограничувањата за патувања во текот на летото, а целосно вакцинираните туристи ќе бидат ослободени од вакцинација или изолација, изјавија неименувани дипломати.

Тие посочија дека ќе се прошири списокот на европски региони од кои е „безбедно да се патува“.

Амбасадорите од 27. земји-членки на ЕУ го одобрија модифицираниот предлог на Европска комисија луѓето кои ја примиле последната доза на вакцина пред 14 дена или повеќе да немаат ограничувања за патување во друга европска земја, изјавија тројца неименувани европски дипломати.

Ограничувањата за другите патници предвидено е да се засноваат на епидемиолошката состојба во земјата од која патуваат. Системот треба да биде подготвен за имплементација на 1 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.