Европската комисија соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за набавка на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19.

Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27 членки на блокот, соопшти дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози, доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија од неа ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против Ковид-19.

Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население.

Ќе биде објавена студија за околу 9000 лица на возраст од 18 до 85 години.

Не се објавени финансиски детали за договорот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.