Европската унија собира милијарди евра со идеја да овозможи   вакцинација против коронавирусот еден ден да биде на располагање на сите, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека е потребен план Маршалов за ЕУ.

В понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и т6ерапија против коронавирусот.

– Ние сакаме да спречиме вакцината, штом еднаш биде развиена, да ја добијат само оние кои можат да си го дозволат тоа, рече шефот на ЕК за ДВ.

Таа додаде дека започнало заеднички анализи за вакцината, но сега мора да се градат капацитети за да се произведе кога ќе биде развиена.

– Ни требаат зилиони дози. Тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена, додаде германската политичарка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.