Европската унија соопшти дека поднела тужба против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради дискриминаторски трговски практики кон Литванија.

Постапките на Кина се дискриминаторски и незаконски според правилата на СТО и ги кршат правата на извозниците и во Литванија и во другите земји-членки на ЕУ, бидејќи тие влијаат на литванските производи извезени од други земји на ЕУ, се вели во соопштението од Брисел.

Спорот меѓу Кина и Литванија избувна откако балтичката држава му дозволи на Тајван да отвори канцеларија во Вилнус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.