Последната студија на службите на Европската комисија пресметала дека земјите членки на ЕУ во просек изгубиле 134 милијарди евра приходи од ДДВ во 2019 година поради „фискална оптимизација“.

Поради фискална евазија, но и административни грешки при пресметки ги чинат земјите членки значајни приходи, Европската комисија бара таргетирани и ефикасни политики за да се одговори на оваа појава.

За Европската Комисија изгубените приходи од ДДВ имаат „екстремно негативни последици“ врз капацитетот на владите да инвестираат во јавните добра како образованието, здравството и транспортот, посебно во контекст на економската криза предизвикана од пандемијата, како и климатската криза.

-Бројките за 2019 значат дека во ЕУ се губеле четири илјади евра во ДДВ секоја секунда, предупреди еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Сепак, ситуацијата е подобра отколку претходните години, истакнува европската извршна власт.

Најголем јаз во ДДВ има во Романија со 34,9 отсто, потоа Грција со 25,8 отсто и Малта со 23,5 отсто. Најдобри резултати покажуваат Хрватска со 1 отсто, Шведска со 1,4 отсто и Кипар со 2,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.