Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во име на ЕУ го потпишаа Договорот за трговија и соработка со Велика Британија (Велика Британија и Северна Ирска), кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2021 година.

Тоа е фер и избалансиран договор кој целосно ги штити основните интереси на Европската Унија и создава стабилност и предвидливост за граѓаните и компаниите – рече Мишел.

Во истата прилика, ЕУ го потпиша Договорот за безбедносни постапки при размена и заштита на доверливи информации со Велика Британија, како и Договорот за Атомската енергетска заедница.

По потпишувањето во Брисел, сите три документи, во два примерока, одат во Лондон, каде што ќе ги потпише британскиот премиер Борис Џонсон.

Договорот за трговија и соработка подразбира заеднички стандарди кога станува збор за работничките права, но исто така и многу социјални, еколошки и даночни обврски, како и фер конкуренција во областа на државната помош.

Велика Британија веќе нема да учествува во Европол или Европравда и ќе го изгуби пристапот до Шенгенскиот информативен систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.