Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ денеска ги потврдија позитивните проценки и започнаа писмена постапка за одобрување на плановите за закрепнување и издржливост на четири земји-членки.

Одлична вест за уште четири земји-членки – Хрватска, Кипар, Литванија и Словенија. Ги потврдивме позитивните проценки на националните планови на тие четири земји, рече словенечкиот министер за финансии Андреј Ширчељ по завршувањето на неформалниот состанок на Советот за финансии и економија.

По состанокот, бидејќи не можат да се носат одлуки на неформални видео состаноци, беше покрената писмена постапка за официјално одобрување на националните планови за закрепнување и отпорност на Хрватска, Кипар, Литванија и Словенија.

Пред десетина дена министрите за финансии на земјите-членки ги одобрија првите 12 национални планови за закрепнување и издржливост: Португалија, Шпанија, Грција, Данска, Луксембург, Австрија, Словачка, Летонија, Германија, Италија, Белгија и Франција.

Тоа значи дека пред летната пауза во август, ќе бидат одобрени вкупно 16 национални планови за закрепнување и издржливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.