Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент. Во повеќето земји само партиите или кандидатите кои достигнале одреден праг на гласови ќе влезат во европаралментот кој има 751 пратеник.

Освен во Ирска, Британија, Холандија, Летонија, Словачка и Малта, другите членки на Европската унија излегуваат на гласање на 26 мај. 427 милиони луѓе на возраст од 18 години можат да гласаат.

Во Австрија и Малта старосната граница на гласање изнесува 16, во Грција 17 години.

Се избираат 751 пратеник на петгодишен мандат.

Секоја земја избира различен број пратеници, приближно во согласност со нејзиното население.

Така Германија избира 96 пратници, Франција 74, Ирска 11, а Летонија 8 пратеници.

На претходните избори во 2014 година одѕивот беше 40 насто, односно гласаа над 168 милиони луѓе.

Овие избори се поголеми од претседателските во САД, но не и колку изборите во Индија.

Изборите се спроведуваат со различни гласачки системи, но сите се обединуваат благодарение на некои договорени заеднички принципи – и подготвеноста на земјите-членки да ги прилагодат нивните национални изборни правила.

И за некои, гласањето е задолжително, така што нема бегање од изборите во: Белгија, Бугарија, Кипар, Грција и Луксембург.

Пребројувањето на гласовите исто така се врши во секоја земја посебно, но резултатите се чуваат во тајност сè додека не заврши гласањето во сите земји.

Значи, резултатите се очекуваат в недела во 23 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.