Европската Унија изрази голема загриженост за воениот удар во Судан и повика на мирен транзициски процес. Според вестите кои пристигаат од Судан, воените сили го ставиле претседателот во домашен притвор и уапсиле неколку членови од владата.

ЕУ реагираше преку портпаролката Набила Масрали задолжена за надворешна политика.

Европската Унија повикува итно да се воспостават повторно сите средства за комуникација за да може да се допре до најранливите. Крвопролевањето и насилството мора да се избегнат по секоја цена, со оглед на тоа дека целиот регион се соочува со предизвици. Заштитата на Судан е поитна од било кога – изјави Масрали.

Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, ги повика сите инволвирани чинители и регионалните партнери да придонесат кон враќање на транзицискиот процес во оваа најсиромашна африканска земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.