Европската Унија денеска го активира механизмот за цивилна заштита преку кој ја мобилизира поддршката за земјите од Медитеранот и од Западен Балкан, кои се зафатени со шумски пожари.

Во веста од Брисел се наведува дека Словенија и испраќа на Македонија 46 пожарникари и 16 противпожарни возила а дека Чешка и испраќа на Албанија два хеликоптера за поддршка на операциите за гасење на огновите.

Од Европската Комисија уште нагласуваат дека два противпожарни авиони„ Канадер“ од Франција се испратени во погодените подрачја на Италија, додека Кипар два противпожарни авиони и испратил на Грција заедно со противпожарниот тим за поддршка на операциите на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.