Британците кои ќе одат во кратка посета на земјите од Европската Унија по брегзит, дури и ако не биде усвоен договорот за напуштање, нема да имаат потреба од виза, се договорија денеска Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Ова ослободување ќе се применува реципрочно од страна на британските власти и ќе важи за сите земји членки на ЕУ (со исклучок на Ирска, која има свој посебен билатерален договор со Обединетото Кралство), и земјите вклучени во Шенген зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), се наведува во соопштението на двете институции.

Тоа е прелиминарен договор кој треба да се потврди со гласање на пленарна седница на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, која ги обединува земјите членки.

Преговорите се заглавени околу една точка на анексот кој се однесува на Гибралтар, влезена на барање на Шпанија, каде Гибралтар се нарекува „колонија на британската круна”. Со тоа повторно започна долготрајниот спор меѓу Шпанија и Обединетото Кралство во врска со Гибралтар, територија од 6,8 квадратни километри, што Мадрид ја отстапи на британската круна во 1713 година, но за која Шпанија полага право. Ова прашање беше решено така што е отстранет британскиот известувач и е поставен друг за да се прифати постигнатиот компромис.

Новиот известувач укажа на потребата брзо да се усвои текстот поради приближувањето на 12 април, новиот краен рок за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Текстот ќе биде доставен до Европскиот парламент утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.