Етиопија го бомбардираше Мекеле при што неколку цивили се повредени.

Имаше воздушните напади врз Мекеле, главниот град на регионот Тиграј во северниот дел на Етиопија. Тиграјската телевизија известува дека нападот го извршиле премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и владините сили кои тој ги предводи. Дел од западните медиуми објавија дека не можеле да ја проверат веродостојноста на извештајот, бидејќи во тој регион нема новинари, но пренесени се зборовите на еден хуманитарен работник од Тиграј, кој потврдил дека нападот се случил. Војската на Етиопија и нејзините сојузници се борат против припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј веќе 11 месеци.

Тензиите земаа замав од септември лани, кога во Тиграј се одржаа регионални избори и покрај противењето на сојузната влада која гласањето го нарече „нелегално“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.