Вооружените сили на Естонија со помош на полицијата и граничната служба почнаа да градат привремени огради долж источните граници на земјата со Русија.

Целта е да евие бариери да претставуваат заштита од можни масовни бранови на миграција.

Досега миграцискиот притисок врз Естонија не е зголемен, но доколку дојде до промена, брзата изградба на привремени бариери ќе игра значајна улога во спречувањето на масовната илегална миграција – изјави Егерт Белишев, службеник на естонската граница.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, поставувањето на привремени бариери е почнато на североисточните и југоисточните граници на Естонија со Русија.

На 17 ноември, Владата на Естонија одлучи да покани 1.684 воени резервисти на вонредни вежби за изградба на привремени бариери долж границите.

Според естонскиот министер за одбрана, Кале Ланет, Министерството ќе постави 130 километри бодликава жица долж источната граница на земјата за да спречи „хибридна закана“.

Одлуката на Естонија доаѓа откако мигрантската криза на белоруските граници со членките на Европската Унија ескалираше на 8 ноември, кога неколку илјади луѓе се приближија до полската граница од белоруска страна и се обидоа да преминат во Полска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.