Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, по разговорите со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, порача дека статусот на регионот Нагорно-Карабах останува нерешено прашање.

За жал, овој конфликт останува нерешен. Се разбира, можевме да обезбедиме прекин на огнот, но има уште многу прашања што треба да се решат. Статусот на Нагорно-Карабах е едно од тие прашања – истакна Пашињан.

Пашињан посочи дека Ерменија е подготвена да ги продолжи разговорите во рамките на Минската група на ОБСЕ и дека во тие разговори може да се вметне и прашањето за спорниот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.