Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека загубиле секаков контакт со единиците на армијата за одбрана на Нагорно-Карабах стационирани недалеку од Кин Такер и Кчаберд во областа Хадрут.

Потрагата продолжи во текот на ноќта и утрово со помош на руските мировни сили со цел да се утврди дали припадниците на ерменските трупи се заробени. Ако тоа е така, ќе бидат преземени сите неопходни чекори – се наведува во соопштението на ерменското Министерство за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.