Ерменија ја обвини Турција за масовно мешање во конфликтот околу регионот Нагорно Карабах. Агенцијата Интерфакс го цитираше ерменскиот амбасадор во Русија дека Турција испратила околу 4.000 борци од северна Сирија во Азербејџан.

Агенцијата Риа објави дека амбасадорот рекол дека борците ќе бидат користени во судирите во Нагорно Карабах. Азербејџан ги негираше обвинувањата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Ерменија да се повлече од регионот на борби.

Сега е време да се стави крај на кризата во регионот што започна со окупацијата на Нагорно Карабах. Регионот повторно ќе најде мир и спокој ако Ерменија ја напушти азербејџанската земја што ја окупираше, рече Ердоган во Истанбул, додавајќи дела Турција стои покрај Азербејџан „со сите средства и со сето свое срце“.

Ерменија и Азербејџан ги продолжија своите борби околу Нагорно Карабах, кои избувнаа во неделата. Во најтешките судири меѓу двете земји од 2016 година, во неделата беа убиени многу луѓе. Од распадот на Советскиот Сојуз, двете земји се расправаат за припадноста на Нагорно-Карабах, кој главно е населен со Ерменци и одвоен од Азербејџан во 1991 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.