Само што започна, Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за кршење на хуманитарниот прекин на огнот во регионот Нагорно Карабах, кој стапи на сила во понеделникот наутро.

Двете поранешни советски републики се спорат околу Нагорно-Карабах, регион во Јужен Кавказ, кој со децении е контролиран од христијанските ерменски трупи, но според Обединетите нации е дел од претежно муслиманскиот Азербејџан.

Азербејџанското Министерство за одбрана во Баку во понеделникот соопшти дека е отворен оган врз негови војници во селото Сафијан.

Властите во Нагорно Карабах ги отфрлија ваквите обвинувања, а ерменското Министерство за одбрана во Ереван го обвини Баку за насочени дезинформации, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.

Азербејџанските вооружени сили продолжија со артилериски оган 45 минути по стапувањето на сила на прекинот на огнот, изјави портпарол на Министерството за одбрана во Ереван.

Последниот обид за примирје беше договорен со помош на САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.