Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера ја обвини сириската Влада дека ја користи преокупираноста на светот со пандемијата со Ковид-19 за да ги интензивира нападите во северозападниот дел од Сирија, што е под контрола на бунтовниците, со што го крши примирјето.

Тој и се закани на Сирија ако продолжи да го крши примирјето во провинцијата Идлиб.

– Турција останува посветена на договорот што го постигна со Русија и нема да дозволи агресија од режимот. Ако режимот, кој го крши примирјето и другите услови од договорот, продолжи на овој начин, ќе плати цена и ќе има тешки загуби, посочи Ердоган.

Договорот за прекин на огнот е постигнат на 5 март со посредство на Русија и Турција, кои поддржуваат различни страни во судирот во Сирија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.