Американскиот потпретседател Мајк Пенс попладнево во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со цел да се обиде да го убеди да ја запре офанзивата над курдските борци во североисточна Сирија.

По завршување на петчасовната средба, Пенс на прес-конференција изјави дека е постигнат договор со Ердоган за прекин на воените дејствија на северот на Сирија и дека во наредните 120 часа сите воени акции во североисточниот дел на Сирија ќе бидат суспендирани за да им се дозволи на курдските трупи да се повлечат.

САД и Турција се взаемно посветени на мирно решавање и иднина за безбедносната зона,  изјави Пенс.

Пенс изјави дека договорот претставува голем придонес за односите меѓу САД и Турција и дека, доколу се испочитува, нема да има санкции за турската држава.

Претседателот Трамп на Твитер му се заблагодари на шефот на турската држава, Ердоган.

Одлични вести од Турција. Ти благодарам Ердоган, милиони живото ќе бидат спасени, напиша веднаш потоа американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот официјален Твитер профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.