Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше СAД за исфрлањето на неговата земја од програмата за борбени авиони Ф-35. Американската одлука за исфрлањето се случи откако официјална Анкара го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400.
Ердоган изрази надеж дека, кога станува збор за улогата на Турција во програмата Ф-35, ќе бидат преземени позитивни чекори кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата.
Тој истакна дека Турција платила сериозна сума пари за авионите Ф-35.
Ова е многу сериозна грешка што Америка, како сојузничка држава, ја направи кон нас – изјави Ердоган.
Тој додаде дека ниту една земја не може да одлучува за чекорите што ќе ги преземе Турција во врска со својата одбранбена индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.