Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно понудил да посредува меѓу Москва и Киев, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган му изрази сочувство на претседателот Зеленски за жртвите од хеликоптерската несреќа на 18 јануари, се додава во соопштението.

Во несреќа кај Киев загинаа 14 лица, а меѓу нив беше и министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски, пренесе Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.