Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин околу увоз на руски вакцини против корона вирусот.

Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме во големи количини во нТурција – информира Ердоган.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата претсесатели се случил на 24 ноември, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата во развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да почне производство на вакцината против Ковид-19 „Спутник 5“, во турските фабрики за производство на лекови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.