Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата, јавува Би-Би-Си.

„Прогласена е седумдневна национална жалост. Знамињата низ целата земја ќе бидат на половина копје до зајдисонце на 12 февруари, како и во сите наши национални и странски мисии“, напиша Ердоган на Твитер.

Турските владини претставници досега пријавиле 1.651 смртен случај, со што вкупниот број на жртви во Турција и Сирија се искачи на 2.651.

Десетици земји ветија помош, а многумина веќе испратија спасувачки тимови во Турција.

Висококатните станбени згради се меѓу 3.400 објекти претворени во урнатини во Турција, додека Сирија пријави десетици уривања, како и оштетувања на археолошките локалитети во Алепо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.