Офанзивата на Турција во североисточна Сирија ќе заврши кога курдските борци во регионот ќе го положат оружјето и се повлечат од планираната „безбедносна зона”- рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој воедно предупреди дека ја нема таа сила што дотогаш може да ја спречи офанзивата, пренесе Ројтерс.

Според Ердоган, најбрзото решение е екстремистите да го положат оружјето и довечер да се повлечат од областа. Притоа нагласи дека Турција не е отворена за преговори по тоа прашање.

Турскиот претседател го отфрли повикот на САД за прекин на огнот во северна Сирија и рече дека не е загрижен од санкциите наметнати од американците или од напредокот на сириските сили поддржани од Русија кон турската граница.

Зборувајќи со новинарите додека патуваше во својот претседателски авион по посетата на Азербејџан во вторникот, Ердоган рече дека прекинот на огнот не е на маса.

Велат, прогласи прекин на огнот. Никогаш нема да прогласиме прекин на огнот. Не седиме на маса со терористички организации – рече Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.