Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остварил телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин, при што му се заблагодарил за поддршката и солидарноста што Турција ја добила од Русија во справувањето со големиот број пожари ширум земјата.

За време на разговорите, Путин порачал дека Русија ќе пружи поддршка на Турција во борбата со пожарите и најавил дека на Турција ќе и бидат ставени на располагање пет авиони „Илјушин-76″ со капацитет од 40 тони вода и уште три хеликоптери за гаснење на пожарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.