Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одговори на коментарот на својот француски колега Емануел Макрон за „клиничката смрт“ на НАТО порачувајќи му прво да се провери себеси.

Во интервју за Економист претходно месецов претседателот на Франција Макрон кажа дека веропските земји не би требало премногу да зависат од САД да ги брани сојузниците од НАТО, додавајќи дека она на што сега сме сведоци е „клиничка смрт на НАТО“.

Еден ден претходно Макрон кажа дека коментарот за НАТО е повик за будење на Алијансата.

Според турскиот престедател, Емануел Макрон би требало прво да ја провери „сопствената клиничка смрт“ пред да дава такви изјави за НАТО.

И германската канцеларка Ангела Меркел, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го критикуваа Макрон поради острите зборови, уверувајќи дека воениот пакт останал клучен столб на европската безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.