Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека смета дека рускиот лидер Владимир Путин е убиец е неприфатлива и не му одговара на американскиот претседател, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган кажа дека изјавата на американскиот претседател за неговиот руски колега е неприфатлива и несоодветна за еден американскиот претседател.

Изјавата на господинот Бајден за господинот Путин не доликува на претседател. Забелешките што претседателот ги користи во јавноста за претседателот на земја, како Русија, се навистина неприфатливи и не се нешто што може да се прифати, рече Ердоган.

Според него, Путин ја направил вистинската работа давајќи „многу, многу елегантен одговор“, пренесуваат британските медиуми.

Бајден за Путин кажа дека „релативно добро го познава“ и дека според неговото искуство со странските лидери, најважната работа е да го знаете соговорникот.

Тој за телевизијата Еј-Би-Си, исто така, кажа дека не верува дека рускиот претседател има душа, а на прашањето дали мисли дека Путин е убиец, тој потврдно одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.